
Повратникот во Чемпионшип, Хал Сити, се соочува со бројни проблеми во последниот месец.
Поради повреда, во редовите на ,,Тигрите” недостасуваат дури осум фудбалери, а згора на тоа, на само неколку часа пред натпреварот од дванаесеттото коло, отказ доби и тренерот Шота Арвеладзе.
Целата ситуација на ,,МКМ Стадиум” кулминираше со шестиот пораз на последните седум средби, нанесен од Лутон со 0-2.
Гостите од околината на Лондон поведоа со несреќниот автогол на Алфи Џонс (6′), а го заверија својот триумф со ,,торпедото”, односно со дебитантскиот погодок на Хенри Ленсбури (44′) во дресот на ,,Шеширџиите”.
Со натпревар повеќе во однос на конкурентите, Хал го зазема дваесеттото место, а Лутон се искачи на високата петта позиција.