За првпат после 2014, Хартлпул остана непоразен на ,,Уан Кол Стадиум” против Мансфилд.
Имено, во увертирата на дванаесеттото коло од англиската Лиг 2, двете екипи ремизираа во Мидлендс со 2-2.
На стартот на второто полувреме, домаќините поведоа со 2-0 со головите на Џорџ Лапсли (51′) и на Рајли Харботл (59′).
Сепак, бод на гостите им донесе одличниот Џошуа Умерах (62′, 89′), кој влезе како џокер од клупата во шеесет и првата минута.
На табелата, со натпревар повеќе во однос на конкурентите, Мансфилд остана на шестото, а Хартлпул на претпоследното место.