вторник, април 20, 2021
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Останато

(ВИДЕО) Лундби освои злато; Словенија повторно на подиум

Епов Насе ✏️ Епов Насе
март 3, 2021
📁 Останато, Спорт

Светското првенство во ски скокови во женска конкуренција заврши денес со натпреварувањето на големата скокалница (ГС 137) во Оберстдорф, Германија.

До титулата, со скоковите од 128, односно од 130,5 метри, дојде Норвежанката Марен Лундби, која го освои своето второ светско злато во кариерата.

Неможноста да се сноси со притисокот на големите настани уште еднаш ѝ наштети на Сара Таканаши.

Имено, Јапонката имаше одличен скок од 134 метри во втората серија, но мораше да се задоволи со сребрениот медал.

За неа, ова е четврти индивидуален медал од Светските првенства, кој и понатаму ја остава без злато и покрај тоа што важи за една од најуспешните ски скокачки во историјата.

Словенија повторно освои одличје во Оберстдорф, откако денес, на третото место се искачи Ника Крижнар.

Победничката на вчерашните квалификации, Марита Крамер, заврши на четвртата позиција, а пласманот во топ 5 го комплетираше Силје Опсет.

Новата шампионка на малата скокалница, Словенката Ема Клинец, потфрли во првата серија и накрај, со скокот од 139,5 метри, успеа да дојде до шестото место.

📸 Franz Kirchmayr/SEPA.Media /Getty Images

#WinningJump: Maren Lundby / #Oberstdorf#skijumping #FISskijumping #Oberstdorf2021 pic.twitter.com/QbO3l33isC

— FIS Ski Jumping (@FISskijumping) March 3, 2021
Tags: ЛундбиОберстдорфСветско првенствоСки скокови
ShareTweet
Претходна вест

(Видео) Адеми со гол му носи пласман на Динамо во полуфинале

Следна вест

(ВИДЕО) Второлигашкото дерби му припадна на Норвич

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

(ВИДЕО) Три хоум-рани, рекорд на кариерата и возбуда во Сан Диего
Останато

(ВИДЕО) Три хоум-рани, рекорд на кариерата и возбуда во Сан Диего

✏️ Епов Насе
20/Апр/2021
(ВИДЕО) Дуелот на ,,чорапите” во корист на Бостон
Останато

(ВИДЕО) Дуелот на ,,чорапите” во корист на Бостон

✏️ Епов Насе
20/Апр/2021
(ВИДЕО) Ефикасната трета третина доволна за триумф на Едмонтон
Останато

(ВИДЕО) Ефикасната трета третина доволна за триумф на Едмонтон

✏️ Епов Насе
20/Апр/2021
(ВИДЕО) Лејкерс поразени од водечкиот тим на Западот
Кошарка

(ВИДЕО) Лејкерс поразени од водечкиот тим на Западот

✏️ Епов Насе
20/Апр/2021
Следна вест
(ВИДЕО) Второлигашкото дерби му припадна на Норвич

(ВИДЕО) Второлигашкото дерби му припадна на Норвич

Последно

(ВИДЕО) Три хоум-рани, рекорд на кариерата и возбуда во Сан Диего

(ВИДЕО) Дуелот на ,,чорапите” во корист на Бостон

(ВИДЕО) Ефикасната трета третина доволна за триумф на Едмонтон

(ВИДЕО) Лејкерс поразени од водечкиот тим на Западот

Гечевски: Бајиќ е вистински избор за селектор

Ѓорѓески започнува интернационална кариера

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.