Аријан Адеми беше стрелец на вториот гол за Динамо Загреб во победата од 2:0 против Славен Белупо, а популарните ,,Модри” се пласираа во полуфиналето на националниот куп на Хрватска и се главни кандидати за рекордниот 16-ти пехар.
Македонскиот репрезнтативец немаше тешка задача да ја погоди мрежата на тимот од Копривница во 78. минута и да ја потврди очекуваната победа на домашниот тим на „Максимир“.
Стефан Ристовски не играшпе за Динамо, исто како и Дарко Велковски за Риека, екипа која го брани трофејот во купот, а денеска го изненади Осиек со победа од 2:1 на гостински терен за пласман во полуфиналето.