
Во првиот од денешните два натпревари од финската хокеарска Лиига, Луко го надигра Јукурит со резултат од 2-0.
Двата гола за домашниот состав паднаа во третата третина, кога мрежата на Франс Туохимаа ја затресоа Хари Каинулаинен и Линус Ниман.
Нивниот голман, Артјом Загидулин, ја пронајде својата вистинска форма во Финска и дојде до седмиот овосезонски шут-аут со 23/23 одбрани.
После дваесет средби, Луко го држи првото место на табелата, додека Јукурит ја зазема единаесеттата позиција.
Во вториот меч, Асат го совлада Спорт со 4-2.
https://www.instagram.com/reel/CkgpAN4gYeg/?igshid=YmMyMTA2M2Y=