
Хјустон Астрос дојдоа до првата ,,меч-топка” во финалето на МЛБ.
Претставниците на Тексас, во петтиот натпревар, ги совладаа Филаделфија Филис со 2-3 и поведоа со вкупни 3-2.
На мечот, двете екипи поентираа во првиот и во осмиот ининг, а Астрос ја направија клучната разлика со еден дополнителен поен во четвртиот период.
За Филис, во листата на поентерите се запишаа Кајл Шварбер со хоум-ран и Ник Кастељанос со трчање.
На спротивната страна, топката на трибините ја однесе Џереми Пења, а по четири бази, во два наврати, освои Хозе Алтуве.
Токму главните претставници на двата исти града од НФЛ, Хјустон Тексанс и Филаделфија Иглс, синоќа ги одмерија силите, при што, Иглс триумфираа со 17-29.