
По лошиот старт на сезоната, Авангард Омск успеа да ја консолидира својата игра и да запише пет победи на последните шест средби.
Во рамките на денешната КХЛ програма, ,,Јастребите” беа подобри од Сибир Новосибирск со 3-2 после продолжение.
Во текот на регуларниот дел од мечот, гостите поведуваа во два наврати, а домаќините двапати израмнија и дојдоа до триумф со единственото свое водство.
Двоен стрелец за Авангард беше Рид Бушер, заедно со голот на Алекс Броудхарст, додека од претставниците на Новосибирск погодија Никита Сетдиков и Михал Чајковски.
Во Источната конференција, Сибир остана на четвртото место, додека Авангард скокна на шестата позиција.