За првпат во 2022, Луко го порази КооКоо на гостински терен, откако денес славеше со 0-2.
На мечот, двете екипи пружија изедначена партија, но гостите триумфираа со головите во првата и во третата третина.
Имено, водство на ,,Сино-жолтите” им донесе првиот поентер во лигата, Анреи Хакулинен, а конечниот резултат го постави Тармо Реунанен.
Помеѓу стативите на победничката екипа стоеше Артјом Загидулин, кој со 25/25 одбрани дојде до вториот овосезонски шут-аут.
На табелата, Луко изби на третото место, потиснувајќи го КооКоо на шестата позиција.