Локомотив Јарослављ му го нанесе петтиот пораз на последните шест средби на Северстаљ Череповец, откако го совлада со 5-3.
После првата третина, Северстаљ водеше со 1-3 при што, домаќините направија промена на голманската позиција и наместо Иван Бочаров, помеѓу стативите го ставија Данил Исајев.
Во наредните два периоди, Исајев имаше 14/14 одбранети противнички удари, а неговите соиграчи ја затресоа мрежата на Дмитри Шугајев во четири наврати.
Стрелци од редовите на Локомотив беа пет различни хокеари, односно Павел Красковски, Степан Никулин, Георги Иванов, Андреј Сергејев и Рушан Рафиков.
На спротивната страна, успешно реализираа Александер Суворов (х2) и Робин Прес.
Во Западната конференција, Локомотив изби на петтото место, а Северстаљ остана на деветтата позиција.