
Во дуелот на двете непоразени екипи од новата сезона на ИЦЕ Лигата во хокеј, Болцано запиша триумф над Инсбрук од 5-1.
За претставниците на Италија, ова беше четврта победа на воведните четири натпревари што претставува израмнување на клупскиот рекорд од 2013.
Заклучно со втората минута од третата третина, домаќините имаа предност од 5-0, благодарение на Бред МекКлар, на Мајк Халмо (х2), на Мет Фратин и на Кристијан Томас.
До крајот, почесен гол за клубот од Австрија во дербито на Тирол постигна Јан Латнер.
На табелата, Болцано е второпласиран зад лидерот Салцбург, а Инсбрук падна на третото место.




