
СКА Ст. Петербург го победи составот на ЦСКА Москва со 2-3 и ја израмни меѓусебната полуфинална серија на вкупни 2-2.
СКА стекна предност од 0-3 со ,,блицкриг” во првите седум минути од втората третина, кога стрелаа Игор Ожиганов, Антон Бурдасов и Михаил Воробјов.
До крајот, домаќините постигнаа два погодоци преку Витали Абрамов и Максим Соркин, но не успеаја да изборат, во најмала рака, продолжение.
По последниот звук на сирената, страстите во ,,ЦСКА Арена” го достигнаа врвот со тоа што противничките хокеари разменија по неколку физички контакти.