Трката наречена ,,Буш Клеш” ја отвори новата сезона на најбрзиот автомото американски циклус – Наскар.
Истата се возеше на познатата локација, Дајтона Бич, Флорида, но за првпат, наместо по традиционалната кружна, возачите се тркаа по класичната патека со кривини.
Драмата беше присутна до самиот крај на трката, каде што, до последните свијоци, за победа се бореа Чејс Елиот и Рајан Блејни.
Сепак, пред самиот финиш, двајцата возачи имаа контакт, а сето тоа најдобро го искористи Кајл Буш, кој од позадина дојде до посакуваната победа.
Накрај, Елиот го зазеде второто место (+0,765), а подиумот го комплетираше Џои Логано (+1,444). Најголемиот трагичар, Блејни, се пласираше на тринаесеттото место (+17,556).
📸 Jared C. Tilton/Getty Images