Дарко Чурлинов има скршеница на носот и ќе мора да оди на операција во петок, а повредата ја заработил на тренинг.Чурлинов сезонава одигра пет меча за Штутгарт со вкупна минутажа од околу 90 минути, а на сите пет настапи влегуваше во игра како резерва.
Нашиот младински репрезентативец има 20 години, но рано замина во Германија, најпрво во фудбалската Академија на Ханза, потоа и во Магдебург и во Келн. Со настапот за А селекцијата на Македонија на 28 март во 2017 година, Чурлинов на 17-годишна возраст стана најмладиот фудбалер што играл за нашиот национален тим.



