Дербито на дното во Западната дивизија, синоќа го одиграа ЛА Кингс и Сан Хозе Шаркс. Истото беше решено после пенали со вкупни 3-4 во корист на ,,Ајкулите”.
Во првата третина, Сан Хозе поведе со 0-2 со головите на Тимо Мајер и на Логан Кутур.
Во продолжение, заклучно со средината на третиот период, ЛА Кингс направија целосен пресврт и поведоа со 3-2, благодарение на капитенот Анже Копитар и на двојниот стрелец Дастин Браун.
Сепак, во последната минута, искусниот Ивандер Кејн успеа да го однесе натпреварот во продолжение, односно во пенал-серијата, каде што неговиот тим триумфираше со вториот гол на мечот на Кутур.
На табелата на Западот, двете екипи ги заземаат последните две позиции, со тоа што Кингс се единствени со едноцифрен број на бодови.
📸 Andrew D. Bernstein/NHLI via Getty Images