
Дивизиското ривалство помеѓу Кливленд Браунс и Балтимор Рејвенс кулминираше во 14. коло со екстремно неизвесната завршница.
Имено, Кливленд го совлада лутиот ривал со 24-22 после неверојатен тек на настаните во последните две минути.
На полувремето, Браунс водеа со 24-6, кои изгледаа релативно убедливи, особено поради фактот дека стартниот квотербек на Рејвенс, Ламар Џексон, поради повреда го напушти теренот.
На негово место застана Тајлер Хантли, кој за две и пол четвртини освои 270 јарди од 27/38 додавања и постигна еден тачдаун.
Сепак, во вториот дел, одбраната на Рејвенс ги лимитираше ривалите на нула поени и им овозможи на своите напаѓачи да се доближат резултатски.
Хантли го предводеше ,,кам-бекот” на ,,Гавраните”, а во походот му помогнаа Марк Ендрус, Латавиус Мареј и Џастин Такер.
На минута и пол пред крајот, гостите го поставија конечниот резултат и изборија нов напад со успешниот ,,онсајд” шут, но противничката одбрана не дозволи чудо пред своите навивачи.
На мечот, за Кливленд, поентираа шутерот Чејс МекЛафлин и фаќачите Џарвис Лендри и Остин Хупер.
Квотербекот на ,,Кафеавите”, Бејкер Мејфилд, освои 190 јарди од 22/32 прецизни додавања и уфрли два тачдауни.
На табелата во АФК, Балтимор (8-5) падна на четвртото место, додека Кливленд (7-6) скокна на деветтата позиција.
Во соработка со НФЛ Македонија