
Локомотив Јарослављ ја спаси првата ,,меч-топка” на ЦСКА Москва и ја намали четвртфиналната серија на вкупни 3-2.
Во петтиот натпревар, претставниците на главниот град на Русија имаа шанса за пласман во полуфиналето, но загубија на домашен терен со минимални 0-1.
Голманот на Локомотив, Данил Исајев, имаше 21/21 одбранет шут за седмиот овосезонски шут-аут и втор во доигрувањето.
Од неговите соиграчи, единствен голгетер беше Максим Березкин на осум и пол минути пред крајот.