
Последното место во полуфиналето на финската хокеарска Лиига ќе биде добиено со ,,мајсторка”.
Имено, КалПа израмни на вкупни 3-3 против Пеликанс, откако во шестиот дуел славеше со 5-1.
Во деветтата минута, Бен Блуд им донесе водство на ,,Пеликаните” со својот прв овосезонски погодок.
Сепак, во продолжение, мрежата на гостите се тресеше во пет наврати, при што, стрелци беа Макс Горц (х2), Јаако Ланта, Ласе Лапалаинен и Антон Карлсон.