
Локомотив Јарослављ ги спаси двете ,,меч-топки” на ЦСКА Москва од меѓусебната четвртфинална серија на КХЛ.
Имено, Локомотив израмни на вкупни 3-3 и закажа ,,мајсторка” за полуфинале, откако го доби шестиот дуел со 2-1.
Во првата третина, Јегор Аверин погоди за почетно водство на домаќините, а Максим Мамин го израмни резултатот.
Сепак, ,,Црвените” дојдоа до посакуваниот плен во третиот период, кога мрежата на Адам Ридеборн ја затресе Александер Полунин.
Важна улога во триумфот имаше и голманот Данил Исајев, кој одбрани 32/33 противнички шутеви.