
ИФК Хелсинки стана третиот полуфиналист на финската хокеарска Лиига, откако во четвртфиналето го елиминира Луко со вкупни 4-2.
Во шестиот меѓусебен дуел, претставниците на главниот град на Финска го искористија домашниот терен и славеа со 3-2 после продолжение.
Гостите од Раума стекнаа водство од 0-2 со головите на Џош Кестнер во втората и на Ото Сомпи во третата третина.
Сепак, во последните три минути од регуларниот дел, Илари Меларт и Еету Коивистоинен израмнија на 2-2, а Теему Талберг го комплетираше пресвртот и му закажа дуел на ИФК со Тапара.