Сезоната 2021/22 од Светскиот куп во ски летови беше затворена со второто натпреварување на скокалницата ,,Братов Горишек” во Планица (Словенија).
На него, актуелниот светски шампион во ски летови, Мариус Линдвик, дојде до конечна победа со изданијата од 241,5 и од 245,5 метри.
На второто место заврши Јапонецот Јукија Сато, кој избори подиум за првпат после 1 февруари 2020 во Сапоро (Јапонија).
На пиедесталот заврши и претставникот на домашната нација, Петер Превц, а победникот на целата мини-турнеја ,,Планица 7″, Тими Зајц, беше четврт.
Пласманот во топ 5 го комплетираше Анже Ланишек, а новиот освојувач ба Светскиот куп во ски летови, Жига Јелар, ја освои шестата позиција.
Во првите десетмина завршија уште: Цене Превц, Рјоју Кобајаши, Давид Кубацки и Михаел Хајбок.
Кобајаши, со денешниот подобар пласман од Карл Гајгер, дојде големиот кристален глобус по вторпат во кариерата и стана новиот шампион на ова натпреварување.