
Гида Вестволд Хансен е освојувачка на големиот кристален глобус од второто издание во историјата на Светскиот куп во нордиска комбинација во женска конкуренција.
Хансен учествуваше на сите осум трки, победи на седум од нив, а не успеа да заврши само една.
На денешното последно натпреварување, Норвежанката (14:58,9) ја одбрани првата позиција од скокачкиот дел и триумфираше во Шонах (Германија).
Второто место, по вторпат во низа, го зазеде Јапонката Харука Касаи (+7,8), а третопласирана беше Словенката Ема Волавшек (+16,6).
Вицешампионката на Светскиот куп, Ида Марие Хаген (+33,5) го освои четвртото место, а петтата позиција и’ припадна на вчерашната победничка и најдобрата скијачка – Анју Накамура (+49,2).