
За првпат после дванаесет години, КПР триумфално го на пушти ,,Брамал Лејн”.
Имено, во тринаесеттото коло од англискиот Чемпионшип, претставниците на Лондон го поразија Шефилд Јунајтед со минимални 0-1.
За ,,Сечилата”, ова беше само втор овосезонски загубен меч во лигата, кој ја прекина серијата од десет натпревари без пораз.
На мечот, Шефилд Јунајтед пружи подобра партија, но сепак загуби, ,,благодарение” на шестиот овосезонски гол на Крис Вилок (51′).
Поради ремито на Норвич и Рединг од 1-1, Шефилд Јунајтед остана на врвот на табелата, додека КПР влезе во плејоф-зоната на четвртото место.




