
Во дербито на Националната лига, во рамките на тринаесеттото коло, пред 10 471 гледач, Нотс Каунти го порази Рексам со 1-0.
За Рексам, ова беше втор овосезонски пораз, кој го симна на второто место на табелата.
Од друга страна, Нотс Каунти го презеде водството со осмиот триумф во 2022/23.
На натпреварот, единствениот гол го постигна Мекоули Лонгстаф (13′) уште во почетната фаза.
Имено, Англичанецот дојде до својот шеснаесетти гол во сезоната и стана прв стрелец во англискиот фудбал, преземајќи го врвот од ѕвездата на Манчестер Сити – Ерлинг Халанд.




