
Њујорк Јенкис ја продолжија негативната низа на Тексас Ренџерс на седум порази, откако синоќа ги совладаа со 4-5.
На мечот, домаќините постигнаа по два поени во првиот и во петтиот ининг, а поентери беа Натаниел Лоу, Адолис Гарсија (х2) и Кори Сигер.
На спротивната страна, хоум-ран постигнаа Освалдо Кабрера, Освалд Пераза (+1) и Кајл Хигашиока, а четири бази освои Арон Џаџ.
Во Американската лига, Јенкис (99-61) го обезбедија второто место, а Ренџерс (66-94) останаа без плејоф на тринаесеттата позиција.




