
Во досегашниот тек од сезоната на НХЛ, првото место на Западот го заземаат Колорадо Аваланш, додека, во Источната конференција, лидери се Каролина Хурикејнс.
Токму овие две екипи ги одмерија силите синоќа во дербито на денот, во богатата програма со дури тринаесет средби.
Како победник од рововската пресметка излезе составот на Хурикејнс, кој на домашен терен триумфираше со 2-0.
И двата погодоци паднаа во третата третина, кога мрежата на Дарси Кемпер ја затресоа Итан Бер и Себастијан Ахо.
Од друга страна, сите триесет и шест шутеви на Аваланш беа анулирани од домашниот голман, Анти Раанта, кој дојде до вториот овосезонски шут-аут.