Струга обезбеди место во финалето од Групата Б во Купот на Македонија против Бутел Скопје, откако предмалку го совладаа мотивираниот Аеродром со 32:29.
Најдобри стрелци кај Струга беа Славе Јанковски со 9 гола и Жарко Бајрактаревиќ со 8 погодоци. Кај Аеродром одличен беше поранешниот ракометар на Струга, Филип Пајкоски со 6 гола.