
Првопласираниот тим во Западната конференција од регуларната сезона на НХЛ, Вегас Голден Најтс, влезе во плејофот со убедлив пораз.
Во првиот натпревар од осминафиналето против Винипег Џетс, Голден Најтс загубија на домашен терен со 1-5.
Кајл Конор и Пјер-Лук Дубуа, во интервал од една минута, двапати стрелаа за водство на гостите на стартот на втората третина, а набргу, на провизорни 1-2 намали Вилијам Карлсон.
Сепак, во третиот дел, Блејк Вилер и Адам Лоури (х2) ја затресоа мрежата на Лорен Бросуа во три наврати за поставување на конечниот резултат.