
Екипата на Халкбанк го освои Турскиот куп во одбојка по осми пат во клупската историја.
Имено, во своето деветто финале, претставниците на Анкара го совладаа Фенербахче со 3-0 (25-21, 25-18, 25-12).
Од победничките редови, дваесет пати поентираше Томас Јешке, а уште седумнаесет – Нимир Абдел Азиз.
Кај вицешампионите, единствен со двоцифрен број на поени (10) беше Каан Ѓурбуз.
На патот до титулата, Халкбанк помина преку Туршад (3-1) и преку Аркасспор (3-0), додека Фенербахче ги порази Бурса (3-1) и Зираат Банкаши (3-2).