
Со победата од 0-1 над Милвол, Бирмингем обезбеди речиси сигурен опстанок во англискиот Чемпионшип.
Имено, со новите три поени, ,,Сините” скокнаа на петнаесеттото место на табелата и дојдоа на само бод од обезбеден второлигашки статус и за наредната сезона.
Херој на гостинскиот состав од четириесет и третото коло беше Лукас Јуткиевич (28′), кој го совлада Џорџ Лонг во првото полувреме.
Од друга страна, Милвол го запиша вториот пораз на последните три средби, но сепак остана во плејоф-зоната на петтата позиција.