
Актуелните шампиони, Тампа Беј Лајтнинг, се на прагот од пласман во полуфиналето, откако во четвртфиналната рунда дојдоа до предност од 3-0.
Имено, во третиот меч од меѓусебната серија, Лајтнинг ги добија лидерите на Истокот, Флорида Пантерс, со резултат од 5-1.
После првата третина, резултатот гласеше 1-1 при што Кори Пери стрелаше за домаќините, а Сем Рајнхарт за гостите.
Во наредните два периоди, Лајтнинг ја затресоа мрежата на Сергеј Бобровски во уште четири наврати преку: Ерик Чернак, Стивен Стамкос (х2) и Никита Кучеров.