
Откако синоќа славеа со 117-102, ЛА Лејкерс дојдоа до втората победа на последните четири меѓусебни пресметки во 2021 против Бостон Селтикс.
После првото полувреме, двете екипи беа изедначени на паркетот, но во вториот дел, ,,Езерџиите” дојдоа до двоцифрено водство, кое накрај го задржаа во своја полза.
Кај Бостон, Џејсон Тејтум беше најефикасен со 34 поени, додека кај Лејкерс, ЛеБрон Џејмс уфрли 30 кошеви.
Освен Џејмс, од домашниот состав се истакнаа уште двајца кошаркари, кои постигнаа дабл-дабл, односно Расел Вестбрук (24 поени и 11 асистенции) и Ентони Дејвис (17 поени и 16 скокови).
Во Источната конференција, Бостон (13-12) падна на десеттото место, додека Лејкерс (13-12) се шестопласирани на Западот.