
Анахајм Дакс славеа со 0-2 на гостувањето кај Бафало Сабрес во дуелот на двете последнопласирани екипи од минатата сезона.
За ,,Патките”, новото првенство започна на одличен начин со оглед на фактот дека го заземаат третото место во Западната конференција.
Од друга страна, Бафало сè уште е блиску до минатосезонскиот учинок и се наоѓа на тринаесеттата позиција на Истокот.
На синоќешниот меч, стрелци за Анахајм беа Сони Милано во втората и Сем Керик во третата третина.
Голманот на победничкиот состав, Ентони Столарц, ги одбрани сите дваесет и пет противнички удари и го освои вториот шут-аут во сезоната.