
На ЗОИ 2018 во Пјонгчанг, Чехињата Естер Ледецка освои златен медал во паралелен велеслалом во сноубординг и во супервелеслалом во алпско скијање.
Со оглед дека на ЗОИ 2022, двете натпреварувања се одржаа во исто време, Ледецка се одлучи да го брани првото место во сноубординг.
Чешката натпреварувачка успешно ја заврши оваа мисија и заслужено го доби третото олимписко одличје со најголем сјај.
Во финалето, поразена беше Австријката Даниела Улбинг, која освои медал за првпат во кариерата.
Со бронза од патеката замина искусната Словенка, Глорија Котник, а четвртото место го зазеде Мишел Декер.
Во машка конкуренција, 36-годишниот Австриец, Бенјамин Карл, по освоеното сребро во Ванкувер 2010 и бронза во Сочи 2014, доби и злато во Пекинг 2022.
Словенија повторно се радуваше на медал, овој пат во името на Тим Мастнак, кој се закити со сребро.
Шампионот од Сочи 2014, Вик Вајлд, денес дојде до бронзениот медал, откако во малото финале го порази Роланд Фишналер.