
Матијас Мајер го одбрани олимпиското злато од Пјонгчанг 2018 во супервелеслалом.
Австриецот (1:19,94) беше најбрз во истата дисциплина и на олимписката трка во Пекинг, освојувајќи го третиот златен медал на ЗОИ во кариерата.
Американецот Рајан Кохран-Сигл (+0,04) го направи најголемиот успех во својот скијачки живот и им донесе сребро на САД.
На третата позиција заврши Александер Омодт Килде (+0,42), кој дебитираше на олимпискиот пиедестал со денешната бронза.
Во продолжение, под една секунда заостануваа уште Адријан Смисет Сејерштед (+0,74), Винсент Крихмајер (+0,76) и Џејмс Крофорд (+0,85).