После четирите врзани триумфи, Шарлот Хорнетс започнаа негативна мини-серија од два порази.
Имено, претставниците на Северна Каролина синоќа беа надиграни од ЛА Лејкерс со 116-105.
Победничкиот состав доминираше во текот на цел натпревар и имаше резултатска позитива во континуитет.
Како најефикасен кошаркар се покажа ЛеБрон Џејмс, кој уфрли 37 кошеви заедно со 8 скокови и со 6 асистенции.
Освен ,,Ол Стар” капитенот, од редовите на Лејкерс, Денис Шродер додаде уште 22 поени.
Што се однесува до противничкиот табор, со 26, односно со 20 постигнати поени, најмногу се истакнаа ЛаМело Бол и Тери Розиер.
За Лејкерс (28-13), ова е четврти триумф во низа, доволен за враќање на втората позиција на Западот.
Од друга страна, Шарлот (20-20) го зазема осмото место на Истокот.
📸 Adam Pantozzi/NBAE via Getty Images



