За првпат после 7 октомври 2019, Детроит Ред Вингс успеаја да ги совладаат Далас Старс, триумфирајќи со 3-2.
Домаќините постигнаа по еден гол во секоја третина и на тој начин стекнаа водство од 3-0.
Стрелец за Ред Вингс на овој меч беше Роби Фабри, кој го запиша првиот хет-трик во Детроит, односно вториот во својата НХЛ кариера.
Во завршните десет минути, актуелните вицешампиони успеаја само да го намалат својот заостаток преку Роопе Хинтц и преку Џејсон Дикинсон.
На табелата на Централната дивизија, Детроит и понатаму останува на дното, додека Далас е само едно место погоре.
📸 Dave Reginek/NHLI via Getty Images



