По четврти пат во низа во меѓусебните дуели, Колорадо Аваланш ги совладаа Сан Хозе Шаркс.
Во нивниот втор овосезонски меч, одигран синоќа, ,,Лавината” ги порази ,,Ајкулите” со резултат од 3-0.
Сите три погодоци во мрежата на Диван Дубник паднаа во третата третина. Двоен стрелец за Колорадо беше Назем Кадри, а еднаш погоди и Андре Бураковски.
За голманот на домашниот состав, Филип Грубауер, ова беше втор ,,шут-аут” во сезоната, откако во вториот овосезонски натпревар ги запре сите шутеви на Ст. Луис Блус во победата од 8-0.
Со новиот триумф, Колорадо изби на второто, а Сан Хозе падна на последното место во Западната дивизија.
📸 AP Photo/Josie Lepe



