Во рамките на женската фудбалска Примера во Шпанија се одигра дербито на колото помеѓу Леванте и Атлетико Мадрид. Двете екипи плус тимот на Барселона се најсериозни кандидати за освојување на титулата.
На овој натпревар до победа стигнаа домашните фудбалерки со 3:0. Стрелци за тимот беа Банини во првото полувреме за 1:0, а во второто полувреме двоен стрелец беше Редондо Ферер.
Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова настапи од 79 минута на местото на Банини, стрелецот на првиот гол и со новите три бода сега Леванте го зазема третото место со 34 бода, односно само два бода помалку од првопласирананата Барселона.



