Синоќа, Феникс Санс ја прекинаа серијата од три порази, триумфирајќи со 114-93 над Голден Стејт Вориорс.
Претставниците на Аризона водеа во текот на цел натпревар, најчесто со двоцифрена разлика што во еден наврат изнесуваше дури 28 поени.
Играта на поразениот состав ја држеше Стеф Кари со 27 поени, а кај Феникс, освен најефикасниот Мајкл Бриџес (20), дабл-дабл со по 12 поени и со по 13 скокови запишаа Деандре Ејтон и Френк Камински.
Со оваа победа, Феникс (9-8) дојде до седмото место на Западот, додека Голден Стејт (10-9) излезе надвор од плејоф-зоната.
📸 Christian Petersen/Getty Images