
Есендон Бомберс приредија сензација во петтото коло на АФЛ, совладувајќи ги Мелбурн Демонс со (15.14) 104-77 (11.11).
Уште од првата четвртина, Бомберс ја имаа предноста на своја страна, која со тек на време постепено се зголемуваше.
Најзаслужни за победата на номиналните домаќини беа Сем Дрејпер (3.0), Кајл Ленгфорд (2.1), Ник Хинд (2.0), Ник Мартин (2.0) и Ендру Филипс (2.0).
На спротивната страна, најефикасни во офанзивата беа Кајзеа Пикет (2.2), Бејли Фритч (2.2) и Џејк Мелкшам (2.1).
Под водство на новиот тренер, Бред Скот, Бомберс доживеаја ренесанса и скокнаа на второто место, додека Мелбурн падна на петтата позиција.