
Незапирливоста на Гида Вестволд Хансен во Светскиот куп во нордиска комбинација продолжи и на деветтата трка од тековната сезона.
Имено, во Шонах (Германија), Норвежанката (14:11,9) дојде до деветтата овосезонска победа и ја завери својата втора титула.
На овој начин, Вестволд Хансен го пречекува Светското првенство, кое е на програмата во Планица на 24 февруари, како најголем фаворит.
На денешната трка, на второто место заврши Ида Марие Хаген (+30,6), додека третопласирана, со напредок од една позиција во однос на првата серија, беше Натали Армбрустер (+38,7).
Од останатите натпреварувачки, под една минута доцнеа уште Јуна Касаи (+40,1), Аника Зиф (+44,4) и Харука Касаи (+56,8).