
Бостон Селтикс, синоќа го запишаа шестиот пораз на последните десет пресметки, откако загубија со 121-99 од Чикаго Булс.
Селтикс беа конкурентни само во првата четвртина, а во останатите три периоди, Булс само ја зголемуваа својата предност.
Ѕвездата на Бостон, Кемба Вокер, со 33 поени беше најефикасен кошаркар на паркетот.
На спротивната страна, Црногорецот Никола Вучевиќ постигна трипл-дабл (18 поени, 14 скокови и 10 асистенции), а по 25 кошеви забија Зек ЛаВин и Коби Вајт.
На Истокот, на пет натпревари пред крајот на регуларната сезона, Бостон (35-32) го зазема седмото, а Чикаго (28-39) – единаесеттото место.



