
ЛА Кингс се со ,,една нога” во плејофот на НХЛ, откако запишаа четири победи на последните пет средби.
Синоќа, претставниците на Калифорнија славеа над Чикаго Блекхокс со 4-1, доминирајќи во текот на цел натпревар.
До средината на втората третина, Филип Дано и Анже Копитар стрелаа за двојно водство на домаќините, а Патрик Кејн намали на 2-1.
Сепак, во третиот период, со головите на Андреас Атанасиу и на Тревор Мур, ,,Кралевите” ја загарантираа својата победа.
Во Западната конференција, тимот од Лос Анџелес го држи шестото место, додека Чикаго се наоѓа на четиринаесеттата позиција.