
Далас Маверикс ги поразија Јута Џез со 118-126 и поведоа со вкупни 2-1 во осминафиналето на плејофот на НБА.
На мечот, Јута водеше само на стартот, а во продолжение, предноста непрестано беше на страната на гостите од Тексас.
Од домашните редови, најефикасни беа Донован Митчел и Бојан Богдановиќ со 32, односно со 24 поени.
На спротивната страна, во отсуство на Лука Дончиќ, Џејлен Брансон и Спенсер Динвиди со 31 и со 20 кошеви беа предводници во нападот.




