
Во седмото коло од турската одбојкарска Ефелер лига, Туршад го порази Девели со убедливи 3-0.
Практично, ова беше дуел на двата минатосезонски второлигаши од кои, како победник излезе тимот што важеше за благ аутсајдер.
По сетови, гостите успеаја да слават со 21-25, со 21-25 и со 15-25.
Од поразениот состав, единствен со двоцифрен поентерски учинок беше Филип Михал со 17 поени.
На спротивната страна, најефикасни поединци беа Матеуш Мика (12), Марко Вукашиновиќ (16) и Бардија Саадат (18).
На табелата, со натпревар повеќе, Туршад изби на петтото, а Девели остана на деветтото место.