
Колорадо Аваланш славеа над Колумбус Блу Џекетс за првпат после две години, откако синоќа ги надиграа со 6-3.
Овој натпревар беше дел од глобалната серија и поради тоа се одигра во ,,Тампере Дек Арена” во градот Тампере, Финска.
На мечот се случија вкупно три серии од по три погодоци: најпрво Колорадо поведе со 3-0, па Колумбус израмни на 3-3, а накрај, актуелните шампиони го поставија конечниот резултат.
Од поразениот состав, во листата на стрелците се запишаа Јакуб Ворачек, Патрик Лаине и Шон Курали.
На спротивната страна, хет-трик постигна Мико Рантанен, а по еднаш реализираа Логан О’Конор, Џеј Ти Комфер и Кејл Макар.
Во Западната конференција, Колорадо го држи осмото место, додека Колумбус е последен на Истокот.




