
По очајниот старт на сезоната со само шест освоени бодови на првите дванаесет средби, екипата на Кроули Таун поврза две победи.
Во петнаесеттото коло од англиската Лиг 2, претставниците на јужна Англија го поразија Мансфилд со 3-2.
Кроули дојде до водство од 2-0 уште на самиот старт со головите на Ешли Нејдсан (2′) и на Том Николс (13′), но набргу, Натаниел Џордан Боувери (16′) и Џорџ Лапсли (27′) го израмнија резултатот.
На стартот на вториот период, Нејдсан (46′) уште еднаш ја затресе мрежата на Кристи Пајм и му донесе три бода на својот тим.
На табелата, Кроули скокна на дваесет и првото место, а Мансфилд остана на четвртата позиција.




