
Шестото натпреварување од новата сезона на Светскиот куп во ски скокови го доби и шестиот различен победник.
Имено, на денешното скокање во Клингентал, Германија, најдобар после две серии беше Австриецот Штефан Крафт.
Шампионот од 2019/20, зад себе, на втората позиција, го остави шампионот од 2020/21, Халвор Егнер Гранеруд, кој во втората серија прескокна одлични 137,5 метри.
На третото место заврши Полјакот Камил Штох, освојувајќи го првиот подиум после 19 февруари.
Најголем трагичар беше Мануел Фетнер, кој од втората, падна на шеснаесеттата позиција после вториот скок.
Од останатите натпревари, во топ 10 се пласираа уште Карл Гајгер, Маркус Ајзенбихлер, Андреас Велингер, Рјоју Кобајаши, Роберт Јохансон, Мариус Линдвик и Јан Херл.