Во десеттото коло од македонската кошаркарска Суперлига, КК Кожув ги декласира Ангели со убедливи 105-67.
Гостинскиот состав резултатски парираше во првото полувреме, но во вториот дел, домаќините од Гевгелија ја покажаа својата доминација.
Од редовите на Ангели, во листата на стрелците се запишаа шест кошаркари од кои, најефикасни беа Андреја Атанасов (20) и Дамјан Крстевски (19).
Кај Кожув, Марко Симоновски уфрли 22 кошеви (8/11 шут од игра), а Чез Вилијамс додаде уште 19 поени.
На табелата, Кожув (5-5) изби на седмото место, додека Ангели (0-10) останаа на дното како единствена екипа без победа.