вторник, септември 26, 2023
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна МАГАЗИН ПАТУВАЊА

(Видео) КОРЗИКА – француски остров со италијански шмек

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
август 30, 2023
📁 ПАТУВАЊА

Корзика е француски остров во Средоземното Море. Се наоѓа западно од Италија, југоисточно од француското копно и северно од италијанскиот остров Сардинија. Планините претставуваат две третини од целокупната територија на островот, создавајќи еден масив. Пред француското управување, Корзика била посед на Република Џенова.

Корзика е еден од 27. региони на Франција (régions), иако по закон е означен како територијален колективитет (collectivité territoriale). Поради тоа ужива поголеми права во однос на останатите француски региони. Вообичаено, Корзика е означена како регион и најчесто е заведувана во списокот на други региони на Франција. Корзика е поделена на департмана, Горна Корзика и Јужна Корзика, каде припаѓа и регионалниот главен град Ајачо, кој воедно е и префектура на департманот. Бастија, префектура на Горна Корзика, е вториот најголем град во Корзика.

Иако островот е одделен од континенталното копно од Лигурското Море и е поблиску до Италија отколку до француското копно, политички е дел од континентална Франција. Почнувајќи од 1282, островот му припаѓал на Република Џенова, иако на кратко бил во посед на независната Корзиканска Република од 1755 до француското освојување во 1769. Корзиканската култура содржи елементи на француската и италијанската и нејзиниот устав додека бил Република бил напишан на италијански. Домашниот корзикански јазик е признаен како регионален јазик од француската влада.

Францускиот цар Наполеон Бонапарт е роден во 1769 во корзиканскиот главен град Ајачо. Денес, неговата родна куќа се користи како музеј. Северниот град Калви тврди дека е родното место на познатиот истражувач Кристофер Колумбо.

Пред нешто повеќе од еден век, францускиот сликар и скулптор Анри Матис пристигнал на Корзика и како што кажал подоцна, бил фасциниран од сонцето и боите на локалната природа. Инспириран од ова прекрасно место, неговите дела добиле сосема нов правец и бои, кои ја изненадиле публиката. Иако ова медитеранско острво е мало – 180 километри должина и 80 во ширина – неговите локални контрасти се фасцинантни.За потполно да ги процените сите убавини на Корзика, вреди да се истражуваат подалечните места: од изолираните рибарски села на север до прекрасните песочни плажи во близина на градот Порто Векио.

ShareTweet
Претходна вест

Македонските одбојкари прославија со нашите фанови (Фото)

Следна вест

Ѓорѓиев: Ова е победа за цела Македонија

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Кој рече дека летото заврши? Еве каде сеуште не е!
ДЕСТИНАЦИИИ

Кој рече дека летото заврши? Еве каде сеуште не е!

✏️ Марјан
26/Сеп/2023
(Видео) Познатите платинести плажи во Барбадос
ДЕСТИНАЦИИИ

(Видео) Познатите платинести плажи во Барбадос

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
24/Сеп/2023
(Видео) Малдиви- романтичен одмор од соништата
ПАТУВАЊА

(Видео) Малдиви- романтичен одмор од соништата

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
08/Сеп/2023
(Видео) Патувајте во преубавата Баскија
ДЕСТИНАЦИИИ

(Видео) Патувајте во преубавата Баскија

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
22/Авг/2023
Следна вест
Ѓорѓиев: Ова е победа за цела Македонија

Ѓорѓиев: Ова е победа за цела Македонија

Последно

Мартин Јовановски го освои Суперкупот на Кипар

Николов и Начевски ќе судат на ЕП 2024

Кој рече дека летото заврши? Еве каде сеуште не е!

ВК “Црн Дрим” е севкупен победник на регатата во Пловдив

Ѓорче Петров славеше со фантастични 21. разлика во ЕХФ Купот

(Видео) Познатите платинести плажи во Барбадос

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.